ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА по Предлог ДУП за градска четврт И12 блок 12.02 Општина Аеродром

 Се известуваат сите физички и правни лица од просторот опфатен со  Детален урбанистички план за градска четврт И12 блок 12.02 Општина Аеродром - Скопје дека градоначалникот на Општина Аеродром – Скопје донесе Одлука за спроведување на:

 

 

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

по Предлог ДУП за градска четврт И12 блок 12.02 Општина Аеродром

 

            Површината на блокот 12.02 во регулациски линии дефинирани со урбанистичкиот план за четврт изнесува 4,93 ха. Површината во границата на планскиот опфат изнесува 6,55 ха.

            Планскиот опфат е дефиниран со следните граници:

 

-          На североисток границата на планскиот опфат се совпаѓа со оската на собирната улица, бул. „3-та македонска бригада“

-          На исток со оска на сервисна улица  „С4“

-          На југозапад се движи по оска на сервисна улица „С2“

-          На запад по оска на сервисна улица „С3“

 

            Предлог ДУП за градска четврт И12 блок 02, Општина Аеродром – Скопје, ќе биде изложен во просториите на  СУГС ,,Димитар Влахов“ (бул. „Трета македонска бригада“ бр. 22) во рок од 10 (десет) работни дена, и тоа од 26.2.2020 год. (среда) до 10.3.2020 год. (вторник) секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот.

            Јавна презентација на предлог ДУП за градска четврт И12 блок 12.02, Општина Аеродром – Скопје ќе се одржи на ден 28.2.2020 год. (петок) со почеток во 12:30 часот во просториите на СУГС ,,Димитар Влахов“ (бул. „Трета македонска бригада“ бр. 22), Општина Аеродром, Скопје.

            Анкетните листови за учество во јавната анкета ќе се наоѓаат во просториите на СУГС ,,Димитар Влахов“ Општина Аеродром.

            Во определениот рок заинтересираните правни лица и физички лица можат да достават забелешки и предлози по предлог на планот, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.