Поставени заштитни столпчиња во Стар Аеродром

 

Деновиве Општина Аеродром постави заштитни столпчиња по должината на улицата „Методија Шаторов-Шарло“ во Стар Аеродром.

Со овој потег се става крај на непрописно паркираните возила и се овозможува непречено одвивање на сообраќајот во овој дел од Општината.

Во наредниот период ќе бидат поставени околу 400 столпчиња покрај тротоарите, велосипедските и пешачките патеки, и тоа на следниве локации:

- ул. „Методија Шаторов-Шарло“ бр. 30

- бул. „Трета македонска бригада“ бр. 41

- ул. „Пандил Шишков“ бр. 1

- ул. „Фрањо Клуз“ бр. 2

- ул. „1612“ бр. 1

- ул. „1613“ бр. 2

Со поставувањето на столпчињата ќе се олесни движењето на сите учесници во сообраќајот.

 

26.2.2020

Општина Аеродром