Учениците од училишниот спортски клуб на основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ деновиве насадија 40 садници од видот кипарис во училишниот двор, со цел да создадат поубава и поздрава животна средина.
Училиштето ја организира оваа екоакција во соработка со Халк банка. Во садењето зимзелени садници се вклучија и учениците од екосекцијата, младите екологисти од второ одделение, како и наставници и ученици од програмата Еразмус плус.
Претходно во училишниот двор беа насадени и 10 садници од видот туја.
9.3.2020
Општина Аеродром
21-01-21
ОпштинаАеродром изготви четиригодишна стратегиска платформа за локален економски развој 2021-2025 под мотото „Аеродром - прва општина со европско знаменце“. Со ова Општината се надоврзува на стратегиската рамка на Владата „Акција 21 – за европски стандарди дома“ и со сите регионални движења во рамки на Европската Унија.