Наставници од ООУ „Лазо Ангеловски“ на обука во Шпанија

Претставници од ООУ „Лазо Ангеловски“ посетија обука за наставници во рамките на проектот Еразмус+ КА101 што се одржа во Севиља, Шпанија од 24 до 28 февруари.
Целта на оваа обука посветена на соработка со родителите е подобрување на вештините и ресурсите за градење на конструктивни и позитивни односи со учениците и семејствата.
Во следниот период, наставниците ќе им одржат интерни обуки на другите наставници во училиштето, како и предавања на локално и национално ниво.
Повеќе информации за проектот се достапни на следниот линк: http://oulazoangelovski.com.mk/?page_id=6284

 

10.3.2020

Општина Аеродром