Утре истекува рокот за пријавување новороденчиња родени во 2019 година

Утре, 31.3.2020 година, истекува рокот за пријавување новороденчиња родени во 2019 година на територијата на Општина Аеродром, кои ќе добијат по 5 000 денари еднократна парична помош.


Барањето за доделување еднократна парична помош може да се симне од општинската веб-страница, во менито формулари, или директно преку линкот
http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.


Инаку, Општина Аеродром во текот на 2019 година додели еднократна парична помош за вкупно 720 новороденчиња, за што од својот буџет издвои 3 600 000 денари.


Проектот на Општина Аеродром за еднократна парична помош на секое семејство со новороденче продолжува и во 2020 година. Надоместокот за оваа година е зголемен од 5 000 на 8 000 денари.

Општина Аеродром на сите семејства им го честита новиот член во семејството. „Најмладите и натаму остануваат во фокусот на нашето внимание. Како општина, ќе сториме сѐ за да го подобриме нивниот живот и да ги олесниме трошоците на граѓаните“, изјави градоначалникот Златко Марин.


30.3.2020
Општина Аеродром