ЈП „Комунална хигиена“ отпадот од домаќинствата ќе го собира еднаш неделно

Ве известуваме дека службите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во наредниот период ќе го собираат комуналниот отпад од домаќинствата – куќи, во еден термин од неделата (понеделник, вторник или среда), во периодот од 07:00 до 14:00 часот.

Станува збор за привремена мерка поради воведувањето на полицискиот час, како и намалените капацитети со кои располага ЈП „Комунална хигиена“.

Со почит

Општина Аеродром