Продолжува дезинфекцијата на јавните површини во Аеродром

Службите на Општина Аеродром денеска продолжија со дезинфекција на јавните површини низ општината.

Во текот на оваа акција беа опфатени паркот „Јане Сандански“, сите плочници и патеки во парковите и меѓу зградите, спортските игралишта во населбите Лисиче, Ново Лисиче и околу булеварот „Јане Сандански“.

Ваквата динамика ќе продолжи и во текот на наредните денови како една од превентивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

Апелираме до граѓаните да покажат висока општествена свест и да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство. 

3.4.2020

Општина Аеродром