Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, заедно со вицеприемиерката Мила Царовска засадија нови садници во новиот парк во населбата Мичурин.
Паркот, кој се протега на површина од 3 573 м2, е проектиран според сите стандарди, со нови зелени површини, детско игралиште, пешачки патеки со клупи, комбинирано спортско игралиште за рекреација, место за друштвени игри за најмладите, а ќе биде оставен посебен простор за негување на традицијата при Мичуринските средби.
Аеродром важи за зелена општина. Хортикултурното уредување на паркот продолжува и понатаму со засадување нови дрвја, садници и цвеќиња.
3.7.2020
Општина Аеродром
08-04-24