За првпат од своето постоење, Општина Аеродром набави комплетно нова спортска опрема и спортска облека за сите осум основни училишта на нејзината територија.
Опремата се состои од топки за фудбал, кошарка, ракомет и одбојка, мрежи и голови за ракомет, греди, отскочни штици, душеци, јарци за гимнастички вежби, маси за пинг-понг и многу други спортски реквизити наменети за развој на спортот во училиштата.
Исто така, за учениците е набавена и спортска облека, дресови и шорцеви, во осум различни бои, колку што има основни училишта на територијата на општината.
Аеродром важи за најспортска општина и во таа насока новата опрема ќе придонесе за поуспешен развој на училишниот спорт.
7.7.2020
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.