Нови подови на уште пет спортски игралишта во Аеродром

 Општина Аеродром продолжи со поставување на нови мултифункционални подови на спортските игралишта на уште пет локации, и тоа:

-       Спортското игралиште во населбата Острово.

-       Паркот кај милениумскиот крст

-       Зад ТЦ „Бисер“

-       На бул. „Видое Смилевски – Бато“ зад КАМ

-       Кај сините кули во Ново Лисиче

Подлогите се со врвен квалитет и се сертифицирани според сите стандарди на ФИБА и ИТФ.

Обезбедуваме безбеден спорт и рекреација за сите!

8.7.2020

Општина Аеродром