ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА по Измена и дополна на ДУП за градска четврт И11 блок 11.02 Општина Аеродром

 

Врз основа на член 35 став 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7 и 8 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на Р.М 199/14, 44/15, 193/15,31/16,163/16,64/18 и 168/18), Градоначалникот на Општина Аеродром – Скопје го дава следното:

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Се известуваат сите физички и правни лица од просторот опфатен со  Детален урбанистички план за градска четврт И11 блок 11.02 Општина Аеродром - Скопје дека Градоначалникот на Општина Аеродром – Скопје донесе Одлука за спроведување на:

 

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

по Измена и дополна на ДУП за градска четврт И11 блок 11.02 Општина Аеродром

 

                Површината на блокот 11.02 во регулациони линии дефинирани со урбанистичкиот план за четврт изнесува 1,11 ха. Вкупната површина по осовини на сообраќајници изнесува 1,49 ха.

               

                Планскиот опфат е дефиниран со следните граници:

 

            -  На североисток границата на планскиот опфат се совпаѓа со оската на станбена улица       ,,Венјамин Мачуковски 3’’

- На југоисток со оска на сервисна улица ,,Атанас Митрев’’

- На југозапад се движи по оска на сервисна улица ,,Венјамин Мачуковски 2”

- На запад по оска на собирна улица,,Борис Кидриџ”

 

                Предлог планот за Измена и дополна на ДУП за градска четврт И11 блок 11.02, Општина Аеродром – Скопје, ќе биде изложен во просториите на  ОУ ,,Блаже Коневски’’ (ул. Венијамин Мачуковски бр.4) во рок од 10 (десет) работни дена и тоа од 04.08.2020 (вторник)  до 17.08.2020 год. (понеделник) секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот.

                Јавна презентација на Измена и дополна на ДУП за градска четврт И11 блок 11.02, Општина Аеродром – Скопје ќе се одржи на ден 12.08.2020 год. (среда) со почеток во 13:00 часот во просториите на ОУ ,,Блаже Коневски’’ (ул. Венијамин Мачуковски бр.4), Општина Аеродром, Скопје.

                Анкетните листови за учество во Јавната анкета ќе се наоѓаат во просториите на ОУ ,,Блаже Коневски’’ Општина Аеродром. Во определениот рок заинтересираните правни лица и физички лица можат да достават забелешки и предлози по предлог на планот, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.

 

Изработил:

Сандра Шутиноска, д.и.а

 

ГРАДОНАЧАЛНИК НА

Контролирал и одобрил:                                                                                                                           ОПШТИНА АЕРОДРОМ

Страшко Хаџи Коцев, д.и.а

___________________

ЗлаткоМарин