Продлабочување на соработката со Францускиот институт

 Афирмацијата на францускиот јазик и француската култура во основните училишта на територијата на Општина Аеродром беа главна тема на денешната средба што се одржа во Францускиот институт во Скопје меѓу секретарот на Општина Аеродром, Марица Ѓурческа, и раководителот на Секторот за образование, Тане Димовски, со директорот на Францускиот институт, Емануел Рембер, и помошник-директорот, Бранко Чобанов.

На средбата беа разменети мислења околу актуализацијата на францускиот јазик во основните училишта во Аеродром, како и изработката на план и програма за идни активности во насока на продлабочување на соработката меѓу двете институции.

27.8.2020

Општина Аеродром