О Г Л А С за вработување на работник на неопределено работно време

 Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи (Службен весник на РСМ бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и 110/2019) и согласно Правилник за систематизација на работните места во Општина Аеродром, број 04-6184/1 од 27.08.2015 година, број 04-6184/5 од 05.11.2015 година, број 04-4635/1 од 14.07.2017 годинa, број 04-1043/1 од 14.02.2018 година, број  04-1816/1 од 19.03.2018 година,  број 04-1816/4 од 02.05.2018 година,  04-5304/1 од 07.08.2018 година,  број 04-7884/1 од 29.10.2018 година, број 04-8399/1 од 16.11.2018 година, број 04-9159/1 од 18.12.2018 година  број 04-7955/1 од 24.10.2019 година, број 04-7955/4 од 05.11.2019 година, 04-375/1 од 23.01.2020 година и 04-375/4 од 26.02.2020 година, Општина Аеродром објавува

 

О Г Л А С

за вработување на работник на неопределено работно време

 

Општина Аеродром има потреба за вработување на еден работник на неопределено работно време на работно место:

1  УПР 0402А02001 - Чувар II - 1 (еден) извршител, во Одделение за општи и организациони работи, Сектор за работи  на Градоначалникот

Општи услови

-да е државјанин на РСМ

-да е полнолетен

-да има општа здравствена состојба за работното место

Посебни услови

Средно стручно образование  - машинска струка или електротехничка струка или средно гимназиско образование

 -со или без работно искуство

Работното време е од понеделник до петок, 8 работни часови од 07:30 до 15:30 (од 08:30-16:30 часот), 40 часа неделно, а основната нето плата изнесува 14.941,00  (четиринаесет илјади деветстотини четириесет и еден) денар.

Согласно балансерот од Годишен план за вработување за 2020  година, извршителот треба да биде Македонец (ка).

Кандидатите за горенаведеното работно место покрај молба/пријава се должни да достават и соодветни докази во оригинал или копија заверена на нотар во однос на исполнувањето на општите и посебните услови и тоа:

-кратка биографија (со етничка припадност)

-уверение за државјанство

-лекарско уверение

-доказ за завршено образование кое се бара за соодветното работно место

Бараните документи да се достават во архивата на Општина Аеродром на адреса бул.„Јане Сандански“ број 109б, тел.02/2400-970.

Огласот трае 3 (три) работни дена од денот на објавувањето, а изборот на кандидат ќе се изврши во рок од 3 (три) работни дена по истек на рокот за пријавување.

Ненавремените и некомплетни пријави нема да се разгледуваат.

Лице за контакт Ирена Петревска,телефон 2401-542.

Општина Аеродром