В понеделник 44. седница на Советот на Општина Аеродром

 В понеделник, 28.9.2020 година, со почеток во 12:00 часот, онлајн ќе се одржи 44. седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:            

  1. Предлог-одлука за давање согласност за трансфер на средства за кофинансисрање на Центарот за развој на Скопскиот плански регион за 2020 година.
  2. Предлог-одлука за одобрување дополнителни финансиски средства на основните училиштa на територијата на Општина Аеродром.
  3. Предлог-одлука за проширување на средствата во буџетот на Општина Аеродром за 2020 година.  
  4. Предлог-заклучок за усвојување годишни извештаи за работа на основните училишта на подрачјето на ОА за учебната 2019/2020 година.
  5. Предлог-одлука за давање согласност на Договор за приклучување на дистрибутивна мрежа преку стандарден приклучок со одобрена максимална едновремена моќност на приклучок над 100 kW  (времен приклучок за Фестивалот на комедијата „Гола месечина“).
  6. Предлог-одлука за давање согласност на Договор за снабдување со електрична енергија меѓу Општина Аеродром и ЕВН Македонија (времен приклучок за Фестивалот на комедијата „Гола месечина“).
  7. Предлог-заклучок за усвојување Стратегија за меѓуетничка интеграција во образованието и младинско учество на Општина Аеродром.
  8. Предлог-одлука за намера за реализација на проекти по пат на долгорочно домашно задолжување на Општина Аеродром во рамките на вториот проект за подобрување на општинските услуги (MSIP2).
  9. Предлог–одлука за давање согласност за објавување јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Аеродром за набавување велосипеди.
  10. Предлог-одлука за продолжување на воспоставената меѓуопштинска соработка меѓу Општина Аеродром и Општина Карпош за вршење работи од областа на градежната инспекција.
  11. Предлог-одлука за исплата на парична помош врз основа на пристигнати барања за отпремнина за пензионирање на вработени лица  во ОА/општински буџетски корисник, за смрт на вработено лице/ на член потесно семејство и за боледување подолго од шест месеци.
  12. Предлог-одлука за доделување еднократна парична помош на семејството на починат сезонски работник.  
  13. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување на објектот во урбанистичко-планска документација  (објект на КП 2652).
  14. Предлог-одлука за доделување спонзорство на Боксерски клуб „Аеродром“, Скопје.
  15. Предлог-одлука за доделување финансиска поддршка – донација  на Здружението на глуви и наглуви на Град Скопје.
  16. Предлог-одлука за доделување финансиска поддршка – донација на Институтот за европски образовни, социокултурни и економски политики „Европа за тебе“, Скопје за реализација на работилници  за наставниците во основните училишта на подрачјето на ОА
  17. Предлог-одлука за доделување спонзорство на Кик-бокс клуб Гладијатор, Скопје.
  18. Предлог-одлука за доделување спонзорство на Ракометен клуб Аеродром, Скопје.
  19. Предлог-одлука за доделување спонзорство на Фудбалски клуб Аеродром, Скопје.
  20. Предлог-одлука за доделување донација на Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“ за реализација на програмски активности во 2020 година.       
  21. Предлог-одлука за  спонзорство на манифестацијата „Илинденски марш“.
  22. Предлог-одлука за доделување спонзорство на Националната установа „Театар комедија“ - Скопје за реализација на проектот Меѓународен летен  фестивал на комедијата „Гола Месечина“.
  23. Предлог-одлука за доделување спонзорство на Ансамбл за народни песни и ора „Фолклорни бисери“ за реализација на програмски активности.
  24. Советнички прашања

 

22.9.2020

Општина Аеродром