Наградени најдобрите ученици

 Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, им додели пофалници на најдобрите ученици од осумте основни училишта од Аеродром за нивниот труд и успех.

И оваа година Општина Аеродром додели финансиска поддршка од 10 000 денари за најуспешните ученици.

Наша цел е да им помогнеме на учениците да ги остварат своите амбиции и да ги поттикнеме да вложуваат во себе и во својот талент, изјави градоначалникот Марин и им посака уште многу успеси во натамошниот живот!

 

3.10.2020       

Општина Аеродром