ОГЛАС за издавање под закуп на фискултурни сали, во ООУ „Блаже Конески“ Скопје

 

Врз основа на член 3 член 4 и член 7 од Правилникот за постапката,начинот и условите за давање на користење на училишниот простор и спроведување на други активности во врска со основните училишта на Општина Аеродром (број 09-61/3 од 10.02.2020) Решение за добивање согласност  на Одлуката за давање на користење на училишен простор бр.25-5315/2 од 09.10.2020 огд од Општина Аеродром, Извештај за извршена проценка на пазарната вредност на недвижниот имот број 0802-251 од 28.07.2020год , Комисијата за водење на постапката го донесе следниот :

 

ОГЛАС

за издавање под закуп на фискултурни сали,

во ООУ „Блаже Конески“ Скопје

 

 

1. ЗАКУПОДАВЕЦ:

            ООУ ,,Блаже Конески“ Општина Аердодром со седиште на улица „Венјамин Манчуковски“ бр. 4, 1000 Скопје телефон +389 2 2469-746

2. ПОНУДУВАЧ:

            Право да поднесе барање за закуп на наведената недвижност има секое заинтересирано домашно и странско  физичко или правно лице кое е регистрирано за вршење на дејност согласно со предметот на закуп, односно физичко или правно лице кое нема предходно неплатени парични  долгови кон училиште.

3. ПРЕДМЕТ НА ЗАКУП

            3.1.  Фискултурна сала во ООУ ,,Блаже Конески“ Општина Аердодром со површина со 460 м2 со 2 гардероби и тоалет (почетна цена 950,00 денари час + 8% за одржување на сала)

3.2 Клубови кои можат да конкурираат за термини во фискултурната сала се тие кои работат со следните спортови: кошарка, јога, одбојка, џудо, теквондо, карате, пилатес, аеробик, зумба, аикидо, кик – бокс, јапонски вештини, бокс, танци и ора, модерен танц, балет, гимнастика, џит – кун до, ракомет и мечување.,со термини после 17:00 часот.

            Закуподавецот ги издава просториите наведени во точките 3.1, по пат на прибирање на писмени понуди.

Критериум за избор на најповолен понудувач-највисока понудена закупнина

            Понудувачот треба да ја подигне документацијата во рок од 5 работни дена од објавување на огласот.

            Понудувачот треба понудите да ги достави на документација потпишана и заверена од страна на закуподавецот најдоцна до 26.10.2020 година до 12:00 часот.

            Документација во која подетално е наведена недвижноста кои што е предмет на закуп како и другите услови кои што задолжително мора да ги исполнуваат понудувачите, може да подигне само овластено лице (потпишано полномошно) од страна на понудувачот секој ден од 09:00 до 12:00 часот  во просториите на ООУ „Блаже Конески“ - архива.

            Понудата која што нема да биде доставена  документација потпишана и заверена од страна на  понудувачот како и понуда која што нема да ги содржи сите потребни документи ќе се смета за некомплетна и како таква нема да биде разгледувана и ќе бидат одбиени како неприфатливи.

Исто така  понуда поднесена од физичко или правно лице со регистрирана дејност нема да биде разгледувана и ќе биде одбиена како неприфатлива во случај доколку се утврди дека  физичкото или правно лице има неплатен паричен долг кон училиштето.

                        Пристигнатите понуди ќе се отвараат без присуство на понудувачите, поради заштита и превенција од вирусот Ковид – 19.

                        Сите понуди кои ќе пристигнат подоцна нема да се разгледуваат.

 

 

ООУ „Блаже Конески“ Општина Аеродром – Скопје

                                                      Комисија за издавање на училшен простор под закуп

Претседател на Комисија Виолета Ристовска