Ј А В Е Н О Г Л А С ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ПАРТИЦИПАТИВНО ТЕЛО

 

Врз основа на член 46 од Законот за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РСМ бр.32/20) за формирање на партиципативно тело за подрачјето на Општина Аеродром, Скопје, Градоначалникот на Општина Аеродром на ден 24.11.2020 год. објавува

 

 

Ј А В Е Н  О Г Л А С

ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ПАРТИЦИПАТИВНО ТЕЛО КОЕ ЌЕ УЧЕСТВУВА ВО ПРОЦЕСОТ НА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ, СКОПЈЕ

 

 

 

                1. Предмет на овој јавен повик е : Формирање на партиципативно тело за обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичко планирање за подрачјето на Општина Аеродром, Скопје.

 

                Партиципативното тело ги претставува сите различни интереси и интересни групи во локалната заедница и ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, ги следи состојбите во планирањето преку давање иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија и во постапката за изработување и донесување на плановите ги разгледува планските програми и планските решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија.

 

                2. Услови за учество: Пријава по овој јавен оглас можат да поднесат сите заинтересирани лица кои се претставници од урбаните и месните заедници, претставници на невладините организации од различните сегменти на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активисти од подрачјето на општината што ги претставуваат различните групи на граѓани, како и граѓани што се стручни лица од областа на урбанистичкото планирање и другите стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на градот.

               

                3. Обврски на партиципативното тело: Партиципативното тело заседава најмалку еднаш на два месеци и има консултативна улога во постапката за изработување и донесување на урбанистички планови, особено ја разгледува планската програма во фаза пред таа да му биде предложена на градоначалникот за одобрување, како и урбанистичкиот план во фаза на урбанистичко планско решение пред да биде дадено на стручна ревизија. Работата на партиципативното тело е јавна.

 

                4. Начин на работа: Начинот на работа и бројот на членови на партиципативното тело се уредуваат во деловникот на партиципативното тело што го донесува советот на единицата на локалната самоуправа, при што бројот на граѓански членови на партиципативното тело што се пријавиле на доброволна основа не е ограничен.

 

                5. Документи кои се поднесуваат:

                - Пријава за член на партиципативното тело за подрачје на Општина Аеродром, Скопје      (образецот е во прилог на повикот)

                - Кратка биографија

                - Изјава за давање согласност за заштита на лични податоци (образецот е во прилог на повикот)

                - Изјава за прифаќање на условите по овој повик (образецот е во прилог на повикот)

 

 

               

                6. Рок и место на поднесување на пријавите: Пријавите по јавниот оглас може да се поднесат преку пошта на адреса Бул. Јане Сандански бр.109 Б, Скопје, или преку архивата на Општина Аеродорм во рок од 30 дена од денот на објавување на овој јавен повик.

               

                Учеството на членовите во партиципативното тело е на доброволна основа, и на истите согласно  Законот за урбанистичко планирање  (Сл. Весник на РСМ бр.32/20)   не им следи надомест за вршење на работата.

 

 

 

 

 

ГРАДОНАЧАЛНИК НА

ОПШТИНА АЕРОДРОМ

Златко Марин

 Образец за пријава

Оглас