Поделени новогодишни пакетчиња

 

Претседателката на Советот на Општина Аеродром, Ивана Цветковска, денеска ги посети децата од Дневниот центар за деца со ментална и телесна попреченост и им подари новогодишни пакетчиња посакувајќи им среќни празници и година исполнета со многу љубов и радост.

Исто така, во пресрет на новогодишните празници, секретарот на Општина Аеродром, Марица Ѓурческа, вчера им подари пакетчиња на децата од Здружението за глуви и наглуви на Град Скопје.

31.12.2020

Општина Аеродром