Пристигнаа 22 идејни решенија за нова општинска зграда

 

Пристигнаа вкупно 22 идејни решенија за проектирање управна зграда на Општина Аеродром по објавениот анонимен конкурс.

Оценувањето на трудовите ќе го врши стручно жири, а Општината ќе додели и парични наградПристигнаа вкупно 22 идејни решенија за проектирање управна зграда на Општина Аеродром по објавениот анонимен конкурс.и за трите најдобри идејни решенија за нова општинска зграда, и тоа 300 000, 100 000 и 50 000 денари. Право на учество на конкурсот имаа правни и физички лица од областа на архитектурата, а покрај задолжителните критериуми за проектирање соодветни работни простории, како и простории за прием на граѓани, во конкурсот се бараше да се предвидат и современи технологии на градење со материјали и решенија што ќе овозможат висок степен на енергетска ефикасност.

Со изградбата на општинска зграда ќе се создаде можност за поефикасна соработка со граѓаните и ќе се рационализираат издатоците од буџетот на Општината.

2.3.2021

Општина Аеродром