Шеесет и шест високостблести садници за 66 години од извидничкиот одред „Галеб“

Извидниците од денеска добија свој парк во срцето на Општина Аеродром, каде што заедно со градоначалникот Златко Марин засадија 66 различни видови високостеблести садници.

Местото кое од денеска ќе се нарекува паркот на извидниците се протега во зелениот појас на раскрсницата меѓу булеварите „АСНОМ“ и „Србија“, веднаш до просториите на Извидничко-поречанскиот одред „Галеб“, кои неодамна Општина Аеродром им ги додели на користење.

Бројката на засадените садници има и симболично значење и ги одбележува 66-те години од основањето на овој извиднички одред.

„Се радувам што денеска го збогативме ова зелено катче и го посветивме токму на извидниците. Извидништвото значи посебен начин на живот, ги учи младите на значајни животни вештини, а најважно од сè е тоа што извидниците ја почитуваат природата и животната средина“, рече градоначалникот Марин.

Тој истакна дека ова е еден добар пример како може да се спојат грижата за животната средина и континуираната посветеност на младите во нашата општина. Општина Аеродром и во иднина останува посветена на создавање нови зелени и хортикултурно уредени површини.

 

13.3.2021

Општина Аеродром