Општина Аеродром утре ќе постави изложбено плато на отворено „Минато, сегашност, иднина“ на сите досегашни и идни проекти што ја водеа да стане прва општина со европско знаменце.
Изложбеното плато се организира по повод 16 години постоење на Општината. Со оглед на најновите мерки и препораки за заштита од пандемијата со Ковид-19, Општината одлучи 16. роденден да го одбележи скромно и на отворен простор, во паркот „Авионче“ во текот на утрешниот ден, 11.04.2021 година (недела).
Освен тоа, градоначалникот Златко Марин ќе додели три признанија на заслужни жители на Општина Аеродром за 2020 година.
10. 04. 2021
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.