Ј А В Е Н О Г Л А С за ангажирање лица за вршење јавни работи за 2021 година

Врз основа на Програмата за јавни работи на територијата на Општина Аеродром за 2021 година, број 09-906/18 од 31.12.2020 година („Службен гласник на Општина Аеродром“ број 15/2020), Одлуката за задолжување на раководителот на Одделението за комунални работи и заштита на животната средина, за преземање активности со цел регулирање на договорни обврски кон ангажирани сезонски работници во Општина Аеродром, број 09-906/11 од 31.12.2020 година („Службен гласник на Општина Аеродром“ број 17/2019) и Одлуката за измена на Одлуката за задолжување на раководителот на Одделението за комунални работи и заштита на животната средина, за преземање активности со цел регулирање на договорни обврски кон ангажирани сезонски работници во Општина Аеродром бр. 09-191/20 од 20.05.2021 година, и Решение за формирање Комисија за преземање активности за реализација на Програмата за јавни работи на територијата на Општина Аеродром за периодот на 2021 година број 017-1401/1 од 02.06.2021 година, Општина Аеродром на ден 2.6.2021 година објавува:

 

Ј  А  В  Е  Н     О  Г  Л  А  С

за ангажирање лица за вршење јавни работи

за 2021 година

 

 

Се повикуваат сите евидентирани невработени лица што се заинтересирани да се вклучат во Програмата за јавни работи на територијата на Општина Аеродром за 2021 година за работно ангажирање со полно работно време, односно 40 часа неделно.

Обврски на ангажираните работници ќе бидат: одржување на чистотата на јавните површини (чистење смет, празнење на уличните канти за отпадоци, чистење суви лисја, гранки и сл), одржување на зеленилото на јавните површини и парковите на територијаta на Општина Аеродром (косење трева, поткастрување гранки и сл.),  одржување на локалните улици, патишта, јавни пешачки површини и тротоари во зимски услови на подрачјето на Општина Аеродром (чистење на пешачките премини, пешачките патеки, плочници и тротоари, целосно чистење на мостовите, чистење снег од уличните клупи и канти за отпадоци) и сл. Висината на дневниот нето-паричен надоместок изнесува 550,00 денари.

Право на учество во Програмата за јавни работи на територијата на Општина Аеродром како и основните критериуми врз основа на кои ќе одлучува Комисијата се:

·         Невработени лица пријавени во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија;

·         Работоспособни

·         Претходно работно ангажирање во областа ќе се смета за предност.

 

            Заинтересираните кандидати е потребно да пополнат и поднесат до архивата на Општина Аеродром образец ПРИЈАВА за јавен оглас за ангажирање лица за вршење јавни работи, кој може да се подигне од архивата на Општина Аеродром или пак да се преземе електронски од официјалната интернет-страница на Општина Аеродром (www.aerodrom.gov.mk, во  делот за „Граѓани – Формулари) и да се приложат бараните докази за исполнување на наведените основни критериуми (доказ за невработеност и доказ за претходно работно ангажирање во областа доколку има). 

Комисијата ќе спроведе интервју со пријавените кандидати и ќе изврши избор на лица што ќе бидат ангажирани како извршители во Програмата за јавни работи на територијата на Општина Аеродром.

Поконкретните услови, права и обврски на избраните кандидати ќе бидат уредени со склучување Договор меѓу Општина Аеродром и избраниот кандидат.

Детални информации за Програмата за јавни работи на територијата на Општина Аеродром за периодот на 2021 година можат да се добијат во Општина Аеродром кај лицето Бојан Стефановиќ на тел. број 02/2401-515 и 02/2401-541.