Со турнирот „Аеродром опен 2021“ се отвора новото одбојкарско игралиште на песок

 

Општина Аеродром добива ново одбојкарско игралиште на песок што се наоѓа на кејот од реката Вардар, во непосредна близина на хотелот „Хилтон дабл три“.

Ова игралиште е со должина од 25 метри и широчина од 16 метри и ги исполнува сите неопходни стандарди за одигрување домашни и меѓународни натпревари.

Игралиштето, кое е придружено со трибински простор, како и осветлување за ноќно играње, заеднички го изградија Општина Аеродром и Град Скопје со договор за меѓуопштинска соработка.

Инаку, одбојкарското игралиште на песок официјално ќе биде пуштено во употреба денеска со ревијалниот турнир „Аеродром опен 2021“ што ќе стартува во 14 часот, а во 19 часот градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, и градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, свечено ќе ги предадат наградите на победничките тимови.

Турнирот ќе се одигра според следниот распоред:

14:00 часот Вардар жени - Скопје жени

15:15 Скопје жени - Врање жени

16:30 Аеродром - Скопје (мажи финале)

17:45 Вардар жени - Врање жени

19:00 Свечено отворање на теренот за одбојка

Општина Аеродром ги поканува сите заинтересирани љубители на спортот да го проследат настанот што ќе се одржи според сите предвидени протоколи за безбедно здравје на учесниците и на посетителите.

14.6.2021

Општина Аеродром