Во вторник втора седница на Советот

 

На 09.11.2021 година (вторник) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи втората седница на Советот на Општината.

На дневниот ред на седницата се следните точки:

1.    Предлог-одлука за верификација на мандатот на членoви на Советот на Општина Аеродром

2.    Предлог-одлука за избор на претседател и членови на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања на Советот на Општина Аеродром

3.    Предлог-одлука за избор на претседатели и членови на комисии на Советот на Општина Аеродром

4.    Предлог-одлука за утврдување на надоместок на членовите и на претседателот на Советот на Општина Аеродром за седници на Советот 

5.    Предлог-план на програми за развој на Општина Аеродром за период 2022-2024 година

6.    Предлог-заклучок за усвојување Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Аеродром за третиот квартал од 2021 година

7.    Предлог-одлука за давање согласност за бесплатно користење на термини во фискултурна сала во ООУ „Александар Македонски“ наменети за деца со атипичен развој – именуван проект „Заиграј со нас“

8.    Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за социјална и детска заштита  и заштита и спасување во Општина Аеродром за 2021 година

9.    Предлог-одлука за исплата на финансиски средства за општокорисна работа во рамки на проектот „Социјални услуги на лица во трето доба“

10. Предлог-одлука измена на Одлуката за утврдување интерес за учество во основање на Акционерско друштво за вршење дејност спорт

 

            3.11.2021

            Општина Аеродром