Општина Аеродром ги информира граѓаните што аплицираа за субвенции за велосипеди, за парична помош за првачиња и новороденчиња, како и за доделување награди за најдобри ученици дека средствата ќе им бидат исплатени веднаш по конечното завршување на локалните избори.
Граѓаните чии барања се прифатени на последниот јавен повик за субвенции за велосипеди ќе добијат поврат на средствата во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3 000 денари, со вклучен персонален данок на доход.
Исто така, по конечното завршување на локалните избори, ќе им бидат исплатени по 8 000 денари на оние родители што поднеле барање за новороденчиња, како и по 3 500 денари за првачиња.
9.11.2021
Општина Аеродром
20-11-25
Општина Аеродром ја продолжува исплатата на финансиските средства по поднесените барања за еднократна парична помош за првачиња и новороденчиња, потврдувајќи ја својата посветеност кон семејствата и најмладите жители на општината.