Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со канадскиот амбасадор во Република Македонија, Џајлс Норман. На средбата се разговараше за соработка меѓу Општина Аеродром и државата Канада како значаен партнер на нашата држава.
„Денеска остварив средба со канадскиот амбасадор во Република Македонија, Џајлс Норман. Амбасадорот Норман ми го пренесе канадското искуство во водењето на локалната самоуправа и општините со што добив важни препораки за успешно водење на општината. Канада е значаен партнер на нашата држава и затоа билатералните односи и понатаму активно ќе ги надградуваме“, рече градоначалникот Муцунски.
Ова е прва средба на Муцунски со канадскиот амбасадор како градоначалник на Аеродром.
19.11.2021
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.