Во вторник трета седница на Советот

На 30.11.2021 година (вторник) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи третата седница на Советот на Општината.

На дневниот ред на седницата се следните точки:

  1. Предлог–одлука за утврдување на назив (име) на  спортско игралиште во населба Ново Лисиче, Општина Аеродром
  2. Предлог–заклучок за усвојување Извештај за реализација на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта за 2020 година
  3. Предлог–одлука за давање согласност за утврдување реони на ЈУДГ „Буба Мара“, Општина Аеродром
  4. Предлог–одлука за давање согласност за утврдување реони на ЈДГОА „Срничка“, Општина Аеродром
  5. Предлог-одлука за давање согласност за склучување Договор за цесија меѓу Општина Аеродром, Министерство за животна средина и просторно планирање и КГМ ЕОЛ КВАЗАР ДООЕЛ, Скопје
  6. Предлог–заклучок за усвојување Информација за иницирање постапка за донесување Детален урбанистички план за градска четврт И13 блок 13.05, Општина Аеродром, заради пренамена на дел градежни парцели, во насока на обезбедување похумани услови на просторот. 

7.    Предлог–заклучок за усвојување Информација за иницирање постапка за измени на Детален урбанистички план за четврт И 11, Општина Аеродром, заради пренамена на дел градежни парцели, во насока на обезбедување на похумани услови на просторот

8.    Предлог–одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување на објектот во урбанистичко-планска документација (објект на КП 2932/20)

9.    Предлог–одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување на објектот во урбанистичко-планска документација (објект на КП 1152)

10. Предлог–одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување на објектот во урбанистичко-планска документација (објект на КП 3191/1)

11. Предлог–одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување на објектот во урбанистичко-планска документација (објект на КП 1512)

12. Предлог–одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување на објектот во урбанистичко-планска документација (објект на КП 3584)

  1. Советнички прашања

 

            24.11.2021

            Општина Аеродром