Во вторник седма седница на Советот на Општина Аеродром
На 8.2.2022 година (вторник) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи седмата седница на Советот на Општината.
На дневниот ред на седницата се следниве точки:
1. Предлог-одлука за усвојување Извештај на централна пописна комисија за извршен попис на во Општина Аеродром со состојба на ден 31.12.2021 година.
2. Предлог-заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Аеродром за четвртиот квартал од 2021 година.
3. Предлог -правилник за условите, начинот и постапката за располагање со стварите во сопственост на Општина Аеродром.
4. Предлог-програма за измена на Програмата за планирани активности од областа на образованието во Општина Аеродром за 2022 година.
5. Предлог-програма за измена на Програмата за планирани активности од областа на културата во Општина Аеродром за 2022 година.
6. Предлог-програма за измена на Програмата за еднакви можности на жените и мажите во Општина Аеродром за 2022 година.
7. Предлог-заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работата на Одделението за инспекциски работи на Општина Аеродром за 2021 година.
8. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување на објектот во урбанистичко-планска документација (објект на КП 1720).
9. Предлог-заклучок за усвојување Информација за иницирање постапка за измени на Деталниот урбанистички план за локалитет Реонски центар УЕ А, ГП 4.6, 4.6 и 4.8, Општина Аеродром.
10. Предлог-одлука за регулирање на дозволени пречекорувања за надградби во постапките за издавање одобрение за надградба.
11. Предлог-одлука за разрешување на претставник од Општина Аеродром во Училишниот одбор на ООУ „Љубен Лапе“ на Општина Аеродром.
12. Предлог-одлука за именување претставник од Општина Аеродром во Училишниот одбор на ООУ „Љубен Лапе“ на Општина Аеродром.
13. Советнички прашања
2.2.2022
Општина Аеродром