ОГЛАС за издавање под закуп на фискултурната сала во ООУ „Димитар Македонски“

 

Врз основа на Правилникот за постапката, начинот и условите за давање на користење на училишниот простор и спроведување на други активности во врска со основните училишта на Општина Аеродром (број 09-61/3 од 10.02.2020 година), Правилникот за измена и дополнување на Правилникот со бр. 09-77/2 од 12.03.2021 година на Општина Аеродром, Решение за добивање согласност на Одлуката за давање на користење на училишен простор бр.25-917/2 од 21.02.2022 год. од Општина Аеродром, Извештај за извршена проценка на пазарната вредност на недвижниот имот број 0802-250 од 28.07.2020 год. и член 113 од Законот за основно образование (Сл.весник на РСМ 161/2019 година), директорот на ООУ„Димитар Македонски“ го донесе следниот:

 

 ОГЛАС

за издавање под закуп на фискултурната сала

во ООУ „Димитар Македонски“

бр. 03-104/1

 

1. ЗАКУПОДАВЕЦ:

            ООУ Димитар Македонски со седиште на улица Ѓуро Малешевац бр. 2, Аеродром, 1000 Скопје телефон +389 2 2440-011

2. ПОНУДУВАЧ:

            Право да поднесе барање за закуп на наведените недвижности има секое заинтересирано домашно и странско физичко или правно лице кое е регистрирано за вршење на дејност согласно со предметот на закуп, односно физичко или правно лице кое нема претходно неплатени долгови кон училиштето.

3. ПРЕДМЕТ НА ЗАКУП

              Фискултурна сала во ООУ „Димитар Македонски“ со површина со 527 м2 со 2 гардероби и тоалет (почетна цена 700,00 денари час) спортови за кои се издава салата се: ракомет, одбојка, кошарка, карате, аеробик, зумба, пилатес, јога и  народни ора и танци,термините се утврдени во техничката спецификација.

            Закуподавецот ја издава фискултурната сала по пат на прибирање на писмени понуди.

            Просторот се издава во видена состојба.

            Фискултурната сала се издава за период од една учебна година, односно најдоцна до 30.06.2022 година.

            Начин на плаќање на закупнината: Закупецот е должен да ја плаќа закупнината месечно најдоцна до 5-ти во месецот за изминатиот месец без оглед на приемот на фактурата.

Гаранции за редовно плаќање на закупнината: Покрај изјава, закупецот дава гаранции за плаќањето и со депонирање на банкарска гаранција во висина од 2 (две) месечни закупнини.

            Доставувањето на понудите се врши преку пошта или со доставување во архивата на училиштето. Пристигнатите понуди се отвораат без присуство на понудувачите. Понудата и другата документација се доставуваат во посебен затворен плик со ознака „НЕ ОТВОРАЈ“ и со назнака „за оглас за издавање под закуп на училиштен простор или друг административно-деловен простор на училиштето„ и бројот на огласот. Понудата се доставува во еден оригинален примерок, кој треба да биде заверен и потпишан од одговорното лице на понудувачот.

 

            Понудувачот со понудата треба да ги достави следните документи:

-       Доказ за идентитет

-       За физички лица: лична карта или патна исправа

-       За други физички лица (адвокати, нотари, лекари и други): лична карта или патна исправа

-       Потврда од соодветен регистар

-       Потврда за регистрирана дејност

-       За правни лица (трговски друштва, здруженија на граѓани, трговец-поединец)

-       ДРД Образец – Документ за регистрирана дејност од Централен регистар на РМ

-       ЗП образец за заверен потпис на овластено лице

-       Изјава за гаранција пред склучување на Договорот за закуп

-       Изјава заверена на нотар дека за време на користење на просториите за спортски активности, ќе обезбеди безбедно изведување на активностите под стручен надзор, а за евентуални последици по здравјето и безбедноста на присутните корисници (повреда/смрт), ќе ја преземе целосно одговорноста за настанатата последица

-       Адреса, контакт телефон, факс

-       Критериум за избор на најповолен понудувач е највисоката понудена закупнина, од бонитетен понудувач.

 

Погоренаведените документи треба да се достават во оригинал или копија заверена од понудувачот и не смеат да бидат постари од 6 месеци.

Сите потребни одобренија за вршење на дејноста ги обезбедува закупецот.

Нема да биде разгледувана понудата на понудувачот, физичко лице, правно лице и основач на правно лице, за кој ќе се утврди дека по било кој основ има неплатени обврски спрема основното училиште.

            Понудувачот треба да ја подигне документацијата во рок од 5 работни дена од објавување на огласот во Општинското основно училиште ,,Димитар Македонски“ Скопје.

            Понудувачот треба понудите да ги достави на документација потпишана и заверена од страна на закуподавецот најдоцна до 28.02.2022 година до 12:00 часот.

            Документација во која подетално се наведени недвижностите кои што се предмет на закуп како и другите услови кои што задолжително мора да ги исполнуваат понудувачите, може да подигне само овластено лице од страна на понудувачот секој ден од 09:00 до 12:00 часот во просториите на ООУ „Димитар Македонски “ - архива.

            Понудата која што нема да биде доставена на документација, потпишана и заверена од страна на  понудувачот како и понуда која што нема да ги содржи сите потребни документи ќе се смета за некомплетна и како таква нема да биде разгледувана.

Отворањето и читањето на понудите од страна на членовите на комисијата ќе се одржи на ден 02.03.2022 (среда) во просториите на ООУ Димитар Македонски  ул.Ѓуро Малешевац бр.2, Скопје .

Сите понуди кои ќе пристигнат подоцна од 28.02.2022 година до 12:00 часот нема да бидат разгледани од страна на комисијата.

 

                   

Комисија за издавање под закуп на

училишен простор при

ООУ Димитар Македонски:

 

Ивана Петрушевска

 

----------------------------

 

Елена Димовска

 

------------------------

 

Сања Костова