Рокот за пријавување екипи за учество на турнирот во мал фудбал „Скопје 2015“во Спортскиот центар „Ново Лисиче“ е продолжен поради големиот интерес.
Турнирот во мал фудбал што оваа година ќе се одржи по четврти пат, ќе почне на 1-ви септември, а натпреварите ќе се одржуваат секој ден во попладневните и вечерните часови од 17:00 до 23:00 часот.
Турнирот го организираат Општина Аеродром, Град Скопје и Училишниот спортски клуб „Блаже Конески“, кои имаат обезбедено паричен награден фонд за победниците.
24.8.2015
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.