В ЧЕТВРТОК ДЕВЕТТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ

На 31.3.2022 година (четврток) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи деветтата седница на Советот на Општината.

На дневен ред на седницата се следниве точки:

 

1.                1. Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во буџетот на ОА за 2022 година.

  1. Предлог-одлука за пренесување на средства на сметка од буџетот на Општина Аеродром.
  2. Предлог-одлука за определување реонизација на градежни зони за подрачјето на Општина Аеродром.
  3. Предлог-правилник за изменување и дополнување на Правилникот за условите, начинот и постапката за располагање со стварите во сопственост на Општина Аеродром.
  4. Предлог-одлука за основање Јавно претпријатие на Општина Аеродром за стопанисување со јавно осветлување.
  5. Предлог-одлука за давање согласност на статутот на ООУ „Браќа Миладиновци“.
  6. Предлог-одлука за разрешување на членови во Управниот одбор на ЈУДГ „Буба Мара“- претставници на основачот.
  7. Предлог-одлука за разрешување на членови во Управниот одбор на ЈДГОА „Срничка“-претставници на основачот.
  8. Предлог-одлука за именување членови во Управниот одбор на ЈУДГ „Буба Мара“ – претставници на основачот.
  9. Предлог-одлука за именување членови во Управниот одбор на ЈДГОА „Срничка“-претставници на основачот.
  10. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување на објект на КП 5938/1 КО Кисела Вода 2 во ДУП за локалитет „Горно Лисиче УЕ Д“.
  11. Предлог-заклучок за усвојување Известување за почнување постапка за изработка и донесување урбанистички проекти вон опфат на урбанистички план, согласно со Законот за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РСМ бр.32/20).
  12. Предлог-одлука за давање согласност за исплата на обврска по Договор за разработка на блокови за урбанистички план за село Долно Лисиче.
  13. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата на еднакви можности на жените и мажите во Општина Аеродром за 2022 година.
  14. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за планирани активности од областа на образованието во Општина Аеродром за 2022 година.
  15. Предлог-одлука за усогласување на платата на вработените без статус на државни службеници (помошно-технички персонал) со минимална плата во РСМ.
  16. Предлог-одлука за усогласување на платата на административните службеници во Општина Аеродром со минимална плата во РСМ.
  17. Советнички прашања

 

28.3.2022

     Општина Аеродром