34-ТИ ВЕЛИГДЕНСКИ СРЕДБИ ВО ЦРКВАТА „СВ. ПЕТАР И ПАВЛЕ“ ВО ГОРНО ЛИСИЧЕ

 

Под покровителство на Општина Аеродром в недела, 24.4.2022 година, во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче ќе се одржат традиционалните 34.Велигденски средби.

Манифестацијата во чест на најголемиот христијански празник ќе почне во 10:30 часот, веднаш по завршувањето на велигденската литургија во црквата што ја организира Црковниот одбор на православниот храм.

На Велигденските средби со богата културно-уметничка програма ќе настапат голем број естрадни ѕвезди, а според досегашното искуство, се очекува присуство и на голем број граѓани. Оваа година на Велигденските средби настапуваат групата „Фортуна“, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Даниела Темелковска, Орде Неделковски, Благица Павловска, Сузана Спасовска, ВИС „Аманет“, КУД „Никола Јонков Вапцаров“ и други реномирани уметници од македонската естрада.

 

18.4.2022

Општина Аеродром