ПОКАНА ЗА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА

Утре, 26.8.2015 година, во 11:00 часот во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“, градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, ќе одржи прес-конференција.

Тема на прес-конференцијата е доделување училишна облека на учениците од основните училишта во Општина Аеродром.

На прес-конференцијата се очекува да присуствува и заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

Ги покануваме редакциите на печатените и на електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследи настанот.

 

25.8.2015

Општина Аеродром