УТРЕ ПОЧНУВА ТУРНИРОТ ВО МАЛ ФУДБАЛ „СКОПЈЕ 2015“

Утре, 1.9.2015 година (вторник), во 21:00 часот во Спортскиот центар „Ново Лисиче“ почнува четвртиот по ред турнир во мал фудбал „Скопје 2015“.

Натпреварите ќе се одржуваат секој ден во попладневните и вечерните часови од 17:00 до 23:00 часот.

Турнирот го организираат Општина Аеродром, Град Скопје и Училишниот спортски клуб „Блаже Конески“, кои имаат обезбедено паричен награден фонд за победниците.

На свеченото отворање на турнирот ќе присуствуваат градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски.

 

31.8.2015

Општина Аеродром