Бесплатни превентивни прегледи

АКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА ОД ТОПЛОТО ВРЕМЕ

ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ во соработка со Општина Аеродром во текот на летниот период на повеќе локации низ општината организира акции со бесплатни превентивни прегледи и совети за заштита од топлотните бранови.

Акциите за бесплатните превентивни прегледи и делење совети за заштита од топлото време во периодот од 18:30 до 21:30 часот ќе се спроведат на паркот со езерата на 4.9.2015 година и парк „Јане Сандански“ на 9.9.2015 година.

Според општите препораки за полесно справување со високите температури, пожелно е граѓаните да консумираат здрава и свежа храна, да пијат повеќе вода, да носат лесна и светла облека и да не се излегува непотребно надвор во период од 11:00 до 17:00 часот.

Акцијата ја спроведуваат медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ во рамки на програмските активности на Министерството за здравство.

 

2.9.2015

Општина Аеродром