Вчера, 1.9.2015 година, во Спортскиот центар „Ново Лисиче“ почна четвртиот по ред турнир во мал фудбал „Скопје 2015“, на кој се пријавија над 40 екипи.
На свеченото отворање на турнирот присуствуваа градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, кои пред бројната публика со шут на топката го означија официјалниот почеток на турнирот.
Првиот натпревар го одиграа екипите на УМС и Рома, кој заврши со резултат 3:1.
Турнирот, кој ќе трае еден месец, го организираат Општина Аеродром, Град Скопје и Училишниот спортски клуб „Блаже Конески“, кои имаат обезбедено паричен награден фонд за победниците.
2.9.2015
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.