ВО ВТОРНИК 13. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ

На 14.6.2022 година (вторник) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи тринаесеттата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:

1.    Предлог-одлука за давање согласност на Годишен план за вработување за 2023 година за ООУ „Димитар Македонски“

2.    Предлог-одлука за давање согласност на Годишен план за вработување за 2023 година за ООУ „Блаже Конески“

3.    Предлог-одлука за давање согласност на Годишен план за вработување за 2023 година за ООУ „Александар Македонски“

4.    Предлог-одлука за давање согласност за измена и дополнување на Статут на ООУ „Александар Македонски“

5.    Предлог-правилник за измена и дополнување на Правилникот со критериуми за доделување финансиска поддршка, донации и спонзорства

6.    Предлог-програма за измена на Програмата (Ј) Комунални дејности на подрачјето на Општина Аеродром за 2022 година

7.    Предлог-програма за измена на Програмата (ФА) уредување на градежно земјиште (капитални трошоци) на подрачјето на Општина Аеродром за 2022 година

8.    Предлог-одлука за давање согласност за спроведување постапка за закуп на недвижни ствари - сопственост на Општина Аеродром КП 4841 КО Кисела Вода 2, во површина 72 м2

 

9.    Предлог-одлука за давање согласност за спроведување постапка за закуп на недвижни ствари - сопственост на Општина Аеродром КП 4841 КО Кисела Вода 2, во површина 85.68 м2

10. Предлог-одлука за давање согласност за надоместување на дел на трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Аеродром за набавка на велосипеди и електрични тротинети

11. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување на објектот во урбанистичко-планска документација (објект бр 1 на КП 3926)

12. Предлог-одлука за измена на распоред на средствата на Буџетот во ОА за 2022 година

13. Предлог-одлука за давање согласност за примање донација - изработка на урбанистичко планска документација

14. Советнички прашања   

 

8.6.2022

Општина Аеродром