На 20.10.2022 година (четврток) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи седумнаесеттата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:
1. Предлог–програма за измена и дополнување на Програмата за поддршка на културата во Општина Аеродром за 2022 година
2. Предлог-заклучок за усвојување Годишен извештај за работа на ЈУДГ„Буба Мара“ за 2021/2022 година
3. Предлог-заклучок за усвојување Годишна програма за работа на ЈУДГ „Буба Мара“ за 2022/2023 година
4. Предлог-заклучок за усвојување Годишен извештај за работа на ЈДГОА „Срничка“ за 2021/2022 година
5. Предлог-заклучок за усвојување Годишна програма на ЈДГОА „Срничка“ за 2022/2023 година
6. Предлог-заклучок за давање согласност на Предлог-правилник за внатрешна организација на работни места во ЈДГОА „Срничка“
7. Предлог-заклучок за давање согласност на Предлог-правилник за систематизација на работни места во ЈДГОА „Срничка“
8. Предлог-заклучок за усвојување Годишна програма за екскурзии на ООУ „Браќа Миладиновци“ за учебната 2022/2023 година
9. Предлог-заклучок за усвојување Годишна програма за екскурзии на ООУ „Лазо Ангеловски“ за учебната 2022/2023 година
10. Предлог-одлука за исплата на финансиски средства како парична помош за социјално загрозени граѓани погодени од енергетската и финансиската криза
11. Предлог-одлука за одобрување дополнителни финансиски средства на основно училиште на територијата на Општина Аеродром
12. Предлог-одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на ЈУДГ „Буба Мара“ за 2023 година
13. Предлог-заклучок за усвојување Извештај за извршување на одлуките донесени од страна на Советот на Општина Аеродром за период од 01.05.2022 година до 01.08.2022 година
14. Советнички прашања
14.10.2022
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.