Визија
Аеродром - најурбана и најмодерна општина!
Визијата на Општина Аеродром е богата иднина на една европска општина, која секогаш ќе го надградува својот модерен изглед. Иако млада, веќе се смета за напредна општина со урбан дух.
Општина Аеродром е стабилна и просперитетна средина, економски развиена, општина со плански уредена инфраструктура и високо развиена еколошка свест. Аеродром е европска и ефикасна локална заедница отворена за соработка. Во таа насока образовните, културните и спортските институции се прилагодени според потребите на граѓаните.
Општина Аеродром нуди сигурност и оптимизам за секој граѓанин, секое семејство, секој старец и дете, овозможувајќи им полека, но сигурно, да го остваруваат својот сон.
Како локална самоуправа, Општина Аеродром ги следи очекувањата на граѓаните и настојува ефективно и ефикасно да понуди решение на нивните потреби и проблеми.
Меѓу поважните принципи кон кои се стреми Општина Аеродром се почитување на законите и актите, одговорност, отчет, почитување и информирање на граѓаните. Размена на искуствата и знаењата со други општини во Републиката и во Европа е, исто така, еден од принципите за развивање на општината.
Преку перманентно спроведување на стручно оспособување за квалитетот на вработените, Општина Аеродром како досега, така и во иднина ќе настојува да ги елиминира евентуалните недостатоци, кои би можеле да предизвикаат неповолно влијание на целата заедница.
Мисија
Многумина ќе речат дека Општина Аеродром, иако урбана, сепак е културно и стопански сиромашна. Но, едно е сигурно. Општина Аеродром ќе ја искористи можноста која сега и се нуди за да се издигне највисоко во својот развој на секое поле.



