Мисијата на Општина Аеродром е јасна – да ги оправда епитетите што ги носи како најурбана, најспортска и најмлада општина во Република Македонија. Зеленилото, пак, за кое се грижиме сите, е застапено дури и повеќе од пропишаните европски стандарди. Чистотата, мирот и безбедноста ни се заштитен знак и затоа многумина млади посакуваат својот дом да го создадат токму во Општина Аеродром.
07-08-25
Денеска, в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, го потпиша договорот за изградба на новиот објект на градинката „Пчелка 1“, најстарата градинка во Општина Аеродром.