Со Законот за новата територијална поделба од август 2004 година се формира новата Општина Аеродром, која во минатото беше во рамки на Општината Кисела Вода. Формирана е на 12 април 2005 година, кога за првпат е одржана седница на Советот на општината.
Името на Општината е добиено според воениот аеродром, кој се наоѓал кај поликлиниката „Јане Сандански” и касарната „Гоце Делчев”, а бил бомбардиран од нацистичка Германија во април 1.941 година.
Територија: 20 км²; урбан дел: 10,4 км² или 60 %; рурално земјиште: 9,6 км² или 40 %;
Населби: Мичурин, (Стар) Аеродром, Јане Сандански, (Населба) Лисиче, Ново Лисиче, Реонски центар, Горно Лисиче и Долно Лисиче
Граници: од мостот на железничката пруга на Реката. Вардар – тромеѓе на општините Аеродром, Центар и Гази Баба се движи по должината на Транспортниот центар „Скопје”, покрај железничката пруга во правец кон Велес до мостот на Маркова Река, продолжува по надворешната граница на катастарската општина Долно Лисиче до Реката Вардар и свртува спротивно од мостот на железничката пруга на Вардар.
06-12-24
Денеска во просториите на Општина Аеродром се спроведува крводарителска акција во соработка со Црвен крст.