Биографски податоци
Ивана Цветковска е родена на 20.02.1983 година во Скопје. Своето основно образование го стекнала во ОУ „Блаже Конески“ во Општина Аеродром, средно училиште во природно– математичката гимназија „Никола Карев“, а дипломирала на Економскиот Факултет во Скопје на отсекот Маркетинг при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во моментов е на постдипломски студии на Универзитетот ФОН на отсек Маркетинг.
За време на студиите го стекнува своето практично знаење во повеќе реномирани компании во области поврзани со маркетингот и корпоративните комуникации, а по дипломирањето се вработила во светската истражувачка агенција за мерење на телевизиска гледаност „Нилсен“ (Nielsen). Од 2007 година до денес ги поминува сите скалила во оваа компанија и денес работи како менаџер за услуги на клиенти. Во својот професионален ангажман соработува со најголемите и најзначајните телевизиски куќи и маркетинг агенции во Република Северна Македонија.
Сите овие години, своето професионално искуство го надоградува со учество на разни конференции, фестивали, самити и конгреси поврзани со медиумскиот бизнис во повеќе земји од регионот и Европа.
На локалните избори во 2009 година била избрана за советник и во периодот од 2009 до 2013 година ја извршувала функцијата член на Советот на Општина Аеродром. Во тој период како советник членувала и во повеќе комисии во рамките на Советот на Општина Аеродром.
На локалните избори во 2017 година избрана е за член на Советот на Општина Аеродром, а на 3.11.2017 година на конститутивната седница е избрана за претседател на Советот на Општина Аеродром.
20-02-19
Во вторник, 26.2.2019 година, со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 22. седница на Советот на Општината.