Документи

 

Во периодот од 2012 до 2015 година Општина Аеродром успешно реализираше серија обуки, работилници и семинари. Заклучно со јули 2015 година реализирани се 124 настани од овој вид, (обуки, работилници, презентации, семинари) најголем дел од тие обуки беа бесплатни.

Според нашата евиденција на овие обуки биле присутни околу 5000 лица, граѓани на општината. Најголем дел од обуките беа наменети за млади и невработени лица, но дел од обуките беа наменети и за малите и средни претпријатија, градежните компании, вработените во државните институции, вработените во локалната самоуправа, основните училишта и градинките итн.

Општината и во иднина ќе продолжи со оваа практика на одржување на настани од ваков тип со цел да ги следи и задоволи потребите на своите граѓани. Сите информации за обуките кои ќе се планираат можете да ги најдете на нашата веб страница, доколку сакате да добивате информација за вакви и слични настани, Ве молиме да се пријавите во Одделението за ЛЕР на

 dana.gapkovska@aerodrom.gov.mk

- Стратегија за рурален развој на Горно и Долно Лисиче 2016-2021

- Извештај од завршен проект на ЕУ „Европа за граѓаните“