ЗАСАДЕНИ ЛИСТОПАДНИ ДРВЦА ВО ООУ„ЉУБЕН ЛАПЕ“ И ВО ГРАДИНКАТА „СОНЦЕ“

Деновиве, во училишниот двор на ООУ „Љубен Лапе“ и во дворот на детската градинка „Сонце“ се засадени околу 50 листопадни дрвја од видот јасен и керлеутерија.

Станува збор за промотивно засадување дрвца во дворовите на училиштата во рамки на претстојната традиционална акција „Ден на дрвото“ овој пат под мотото „Засади скопска иднина!“.

Акцијата ќе продолжи со засадување дрвца и во другите основни училишта, како и на други локации на територијата на Општина Аеродром каде што има потреба од нови дрвја.

 

25.11.2015

Општина Аеродром