Презентација на органска храна во „Буба Мара“

„ЈАС ОДБИРАМ ЗДРАВЈЕ, А ТИ?“

Во детската градинка „Буба Мара“ на 22.1.2016 година се одржа едукативна презентација на тема „Јас одбирам здравје, а ти?“ на која беа презентирани производи од органско потекло.

На презентацијата органската храна беше препорачана за здрав детски живот, а на децата им беа поделени јаболчиња  од органско потекло.

Целта на оваа презентација е децата и нивните родители да водат грижа за сопственото здравје, бидејќи храната влијае на нашето здравје.

 

            25.1.2016

            Општина Аеродром