БУЛЕВАРОТ „АСНОМ“ СЕ ПРОДОЛЖУВА КОН ГОРНО ЛИСИЧЕ

Градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, официјално го означија почетокот на градежните работи за продолжување на булеварот „АСНОМ“ кон Горно Лисиче.

Станува збор за продолжување на булеварот од ФФМ до улицата Тодор Чангов во должина од 430 метри, каде ќе се изградат 4 сообраќајни ленти и нова раскрсница.

Продолжувањето на овој булевар е еден вид заокружување на инфраструктурата за новата населба покрај Вардар со нови 25 згради. Со тоа значително ќе се подобрат условите за сообраќај, но и безбедноста во овој дел од општината, во кој изминатиов период беше изградена комплетната сервисна инфраструктура во вредност од 120 милиони денари.

На оваа локација изградивме околу 2 километри фекална и атмосферска канализација, водоводна мрежа во должина од 1,5 километар, асфалтиравме сервисни улици на површина од околу 20.000 квадратни метри и поставивме тротоари на површина од над 5.000 квадратни метри, како и 1.000 нови паркинг-места. При тоа, на целата површина поставивме јавно осветлување со 74 сијалични места.   

 

29.1.2016

Општина Аеродром