ПОЧНА СЕЗОНАТА НА БЕСПЛАТНИ ЈОГА ЧАСОВИ ВО ПРИРОДА

 Вчера, 24-ти мај, јога клубот „Тара“ ја почна сезоната на бесплатни јога часови во природа. Часовите, како и претходните сезони, се одржуваат во парковите на населба Аеродром, по договор со јогините од клубот.

Ова беше првиот бесплатен час во природа оваа година, а вакви јога часови на отворено се предвидени во текот на целото претстојно лето, додека термините ќе бидат соопштени преку социјалните мрежи.

Оваа акција е наменета за сите, без разлика дали имаат претходно искуство со јогата. Воедно, како што велат во „Тара“, целта е на граѓаните да им се овозможи здрав и енергичен почеток на денот, преку јога вежби, техники за дишење и медитација.

 

25.5.2016

Општина Аеродром