Во сабота на сцената на „Гола месечина“

БЕСПЛАТЕН ЗУМБА ЧАС ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА АЕРОДРОМ!

Општина Аеродром и фитнес клубот „Фит уан“ организираат бесплатен ЗУМБА фитнес час во сабота, 25.6.2016 година, од 19:30 до 20:30 часот, во Спортскиот центар „Ново Лисиче“, популарно наречен од жителите на оваа населба – сатдионче.

Станува збор за истата сцена во Ново Лисиче, на која се одржува меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“.

Целта за овој забавен ЗУМБА час е не само да се анимираат граѓаните во духот на забава и смеа што го промовира организаторот на фестивалот Театар комедија, туку и да се означи почетокот на летната сезона на еден интересен, весел и енергичен начин, поразличен од другите часови.

Општина Аеродром ги поканува љубителите на ЗУМБА, фитнес и латино звуците да се придружат на бесплатниот ЗУМБА час во познатото стадионче во Ново Лисиче!

Доколку граѓаните покажат голем интерес, во текот на летото ќе се организираат уште вакви бесплатни зумба часови.

 

23.6.2016

Општина Аеродром