СО ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ ДЕНЕС СЕ СПУШТА ЗАВЕСАТА НА „ГОЛА МЕСЕЧИНА“

Со претставата на Театар Комедија „Нешто пропуштаме“ вечерва, 29.6.2016 година, се спушта завесата на меѓународниот фестивал „Гола месечина“, кој почна на 20 јуни и опфати 4 претстави о д Македонија и 4 од земјите во регионот.

Вечерашната претстава зборува за „проституцијата“ во уметноста и за животот и односот меѓу театарџиите зад кулисите. Режијата е на Бојан Трифуновски, а во претставата играат Сашко Коцев, Нина Деан, Валентин Костадиновски, Жаклина Петровска и Столе Мицов.

Вечерва, исто така, ќе бидат доделени и наградите за најдобра машка и женска улога, најдобра режија и гран-при за најдобра претстава, за што тричленото жири во состав Лилјана Мазова, претседател и Славен Видак (БиХ) и Димче Николовски, членови, ќе има тешка задача.

Дека Фестивалот на комедијата беше полн погодок, а репертоарот погоден, зборува и присуството на илјадниците гледачи во публиката за секоја од претставите „Автобус“, „Балкански шпион во Сараево“, „Елинг“, „Хамлет од Горно Дупени“, „Парламентарки“, „Жорж Данден“, „Македонска приказна“ и „Нешто пропуштаме“.

Инаку, вчера во рамки на фестивалот беше прикажана претставата „Македонска приказна“ на Театарот за деца и младинци.

 

29.6.2016

Општина Аеродром