ОТВОРЕН ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО АЕРОДРОМ

Во Општина Аеродром неодамна беше отворен дом за згрижување и социјална заштита на стари лица „Миркоски“, кој е лоциран покрај кејот на реката Вардар, до продавницата „Вучко“.

Целосно реновираниот и реконструиран објект е со површина од 1.000 м2 и располага со 22 двокреветни соби и 4 апартмани, секој опремен со систем за централно ладење и греење, сопствена бања.

За корисниците во ПУСЗ „Миркоски“ се грижи стручен персонал составен од социјален работник, медицински лица и физиотерапевти, со цел да се овозможат подобри услови за луѓето кои се наоѓаат во третото доба од својот живот.

Во домот за стари лица се применуваат две програми - за згрижување и нега на корисници кои можат да се грижат за себе, односно корисници кои имаат одреден степен на независност, како и програма за згрижување и нега на стари лица на кои им е потребна целосна нега и грижа. Тие имаат потреба од секојдневна помош при јадењето, облекувањето, одржувањето лична хигиена и кај овие корисници задолжително се применува физикална терапија. Во оваа категорија се сместени лица со деменции, мозочни и срцеви удари, хронични заболувања.

Покрај грижата за стари лица, во Домот се организираат и културно-забавни и спортски активности, како што се куглање, утринска гимнастика и разни други вежби за одржување на моториката.

 

5.10.2016

Општина Аеродром

 

Актуелно

img
img img

Видео